Излезе годишната листа коа традиционално ја објавува LinkedIn, “Emerging Jobs”, а станува збор за работни места кои биле најбарани.
Овој пат направија листа на вработувања од 2015 до оваа година.
Меѓу првите професии е експерт за вештачка интелигенција(AI) – обично инженер, истражувач или друга специјалност која се фокусира на машинско учење и вештачка интелигенција, осмислувајќи работи, каде тие има можат да се имплементираат во AI или да се изградат AI системи.
Во последните четири години, стапката на раст на вработеноста кога станува збор за оваа професија била 74 проценти.
– AI се инфилтрираше во секоја индустрија и во моментов побарувачката за луѓе кои се квалификувани за AI ја надминува понудата – вели Гуи Бергер, главен економист на LinkedIn.
– Ова е трета година по ред каде професиите кои се однесуваат на машинското учење или AI да се на врвот на листата, а можеме да очекуваме само дека побарувачката ќе се зголеми – изјави Бергер.
Тука се потоа инженерите за роботика (40 отсто годишниот раст на вработеноста), аналитичар на податоци (37 отсто)…
– Иако многу од овие работни места се технолошки улоги, тие не се секогаш во технолошката индустрија. Секоја компанија морала да ја прифати технологија на некое ниво и тоа е евидентно со овие работни места со висок раст“, додава Бергер.
Интересно е исто така дека постојат голем број на професии, како експерти за успех на односите со клиентите и претставници на продажба.
Еве ја и листата:
1. Експерт за вештачка интелигенција
2. Инженер за роботика
3. Дата научник
4. Инженер за управување со податоци
5. Инженер за сигурност на сајтови
6. Експерт за односи со клиенти
7. Претставник за развој на продажба
8. Дата инженер
9. Здравствен техничар
10. Експерт за сајбер безбедност