1. Држете се до својот збор.
Шефот сака да ви верува. Според тоа, кога ќе прифатите задача, доследно исполнете ја. Исполнете го сè она што сте рекле дека ќе го направите. Но, немојте да се префорсирате и избегнувајте матни изјави како што се „ќе се обидам“ и „можеби“. Наместо тоа, вашиот збор треба да биде цврст.
2. Без изненадувања
Тајниот страв на секој шеф е дека вработените ќе направат голема грешка, но нема да кажат ништо. Затоа, ако се плашите дека некоја лоша вест може да го вознемири вашиот шеф, бидете сигурни дека е информиран. Напомена: Ако вашиот шеф „пука на гласникот“ може да го игнорирате ова правило, затоа што неговото однесување покажува дека тој не сака да ги има вистинските информации.
3. Бидете детално информирани
Вашиот шеф сака да верува дека вие сте способни и во тек со работите. Затоа понекогаш ќе извади некој аспект од вашата работа и ќе почне да ве испрашува. Затоа, кога и да сте на состанок со шефот, бидете детално информирани за да можете да одговорите на тие прашања.
4. Сфатете ја сериозно вашата работа
Шефовите ценат поединци кои навистина се грижат за она што го работат и имаат волја да вложат време за да постигнат подобро разбирање на работата. На шефовите им требаат луѓе со единствени вештини. Не мора д бидете професионалец за сè, но ви треба знаење од специфичното подрачје кое вашиот шеф го цени.
5. Преземете одгворност
Кога ќе видите дека вашиот шеф се подготвува да донесе глупава одлука, вашата одговорност е да се обидете да го уверите да постапи поинаку. Образложете му најдобро што можете и изразете се јасно. Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката дадете сè од себе за да успее – без разлика дали мислите дека е правилна или не.
6. Нудете решенија, не жалби
Нема ништо поиритирачко или подосадно од тоа да се слуша некој кој постојано се жали за работи за кои нема волја да ги промени. Затоа, никогаш не одете кај шефот со проблем ако немате намера да понудите и решение за тој проблем или не саката да го прифатите советот кој тој ќе ви го даде.
7. Комуницирајте јасно
Шефовите се зафатени и немаат време за пробивање низ километарски реченици, флоскули и жаргон. Затоа, кога комуницирате со шефот, говорете и пишувајте во кратки реченици, користете колку што е можно помалку зборови за да докажете нешто и вашиот предлог или заклучок нека биде јасен и лесно разбирлив.
8. Знајте што е вашата вистинска работа
Без разлика што пишува во описот на работното место, вашата вистинска работа е вашиот шеф да биде успешен. Нема исклучоци од ова правило. Никакви.