На Листата на должници се објавени 2.080 должници – правни лица (помалку за 64 од претходната листа) и 1.909 физички лица (повеќе за 25 од претходната листа).
Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр.04/2018 за долгови доспеани до 30.12.2017 и неплатени до 31.03.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејности; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници се објавени 2.080 должници – правни лица (помалку за 64 од претходната листа) и 1.909 физички лица (повеќе за 25 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.038.109 денари, помалку за 310.530.498 денари од претходната листа.
Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.996.520.591 денари (помалку за 309.429.248 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 41.725.518 денари (помалку за 1.101.250 денари од претходната листа).
Линк за преглед: 08-2648_1_Листа на должници бр.04/2018_10.04.2018