Просечната месечна нето плата по вработен во октомври 2019 година изнесува 25.726 денари и во однос на октомври 2018 година е повисока за 3.7 проценти, објави Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 103.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.7 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (7.4 %) и Уметност, забава и рекреација (6.7 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.4 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесува 38.227 денари.