Компанијата која се занимава со интернет безбедност и заштита на лозинки “SplashData”, секоја година од 2011 формира листа на најлоши лозинки на светот.
Оваа година, компанијата анализирала повеќе од 5 милиони лични лозинки кои во текот на годината се појавиле на интернет и со тоа ја формирала деветтата по ред годишна Листа на најлоши лозинки (Worst Passwords List).
Листата ги прикажува најлошо рангираните лозинки за 2019 година и местото на кое тие се наоѓаат во однос на минатата година (стрелката покрај секоја лозинка покажува за колку места таа опаднала или се искачила на листата во однос на 2018 година).
На првото место, како и во последните 6 години, се наоѓа неприкосновената лозинка “123456”. На второто место е “123456789” додека веднаш зад неа се наоѓа “qwerty”, лозинката која во изминатите 12 месеци имала скок од дури 6 места на листата, пренесува сајтот “Techspot”.
1. 123456
2. 123456789 (↑ 1)
3. qwerty (↑ 6)
4. password (↓ 2)
5. 1234567 (↑ 2)
6. 12345678 (↓ 2)
7. 12345 (↓ 2)
8. iloveyou (↑ 2)
9. 111111 (↓ 3)
10. 123123 (↑ 7)
И покрај сè поголемиот број на случаи на откривање на лични податоци и ранливоста на приватните профили, огромен број луѓе и понатаму користат предвидливи и слаби лозинки, констатира “SplashData”.