Во денешно време секојдневно се справуваме со стресни ситуации. За среќа, ние имаме кратки начини за намалување на стресот за помалку од 5 минути. Почнувајќи со опуштање со чај, па се до смирено дишење, сите овие тактики можат да помогнат за смирување во некои кризни моменти.
Чоколадо Само една коцка од ова слатко задоволство може да ги смири вашите нерви. Темното чоколадо ги регулира нивоата на стрес хормонот кортизол кој го стабилизира метаболизмот.
Гуми за џвакање Лути или со овошен вкус, мастиките се изненадувачки брз и лесен начин да се победи стресот. Само неколку минути по џвакањето анксиозноста и стресот се намалуваат.
Бројте Не, тоа не е IQ тест, но тоа е начин да се опуштите. Кога грижите почнуваат да излегуваат од контрола, бројте бавно до 10 па потоа од 10 наназад за да се смирите. Потешко е да се чудите за претстојниот датум или интервју за работа кога сте зафатени кој број е пред седум. (Ех, кога бевме во градинка)
Лажичка мед Заменете го стресот со лажица мед. Медот е одличен во борба против депресија и анксиозност, неговите соединенија го намалуваат воспалението на мозокот.
Рачна масажа Кога нема професионална масажа на повидок, пробајте со рачна масажа неколку минутки за да се релаксирате. Масажите можат да бидат особено корисни за луѓето кои поминуваат многу пред компјутер. Кога ќе почувствувате напнатост, масирајте за да го ослободите стресот во рамената, вратот и главата.
Масирајте ги стапалата врз топче Ова е импровизиран начин на масажа на стапала, со тркалање напред назад по топчето.
Ладна вода на зглобовите Кога ќе почувствувате стрес и напнатост само навлажнете со ладна вода на зголобовите. Постојат големи артерии право под кожата, па ладење на овие области може да помогне да се смири целото тело.
Креирајте зен зона Криењето во купатило можеби не звучи смирено, но да се најде место каде што ќе можете да се релаксирате и да се ослободите од стресот е одлична идеја. Направете си го свое катче, со удобен стол и светлина и седете си таму додека тензијата не помине.
Гледајте низ прозорец Не да ги шпионирате комшиите, но кога ќе се вознемирите земете пауза од 5 миниту и зјапајте низ прозорецот. Погледот кон природата и сцени како дрвја и јавни паркови може да биде многу порелаксирачко од гледање во ТВ екранот.
Јога Легнете на под, ставете ги нозете нагоре – потпрени на ѕидот. Не само што му дава на телото добар одмор, туку помага и за мир на умот.
Слушај ја твојата омилена песна Бијонсе, Бибер, Цеца или кој и да е..понекогаш потпевнувањето е лек за душата. Ако сте на јавно место, само спиење со музика може да биде брз лек за лошо расположение. Класичната музика може да биде особено релаксирачка пред спиење.
Моќта на мирисот – мириснете некое цвеќе Навистина, застанете и мириснете некое цвеќе. За неколку денови ќе го смените расположението, и тешко е да се чувствувате лути или вознемирени со нос полн со рози. Чувајте вазна со вашите омилени цвеќиња во близина на вашиот работен простор или во дневната соба.
Дружење и забава – галете се со милениче Дечко или девојка е во ред, но тие (обично) не се доволно крзнени. По напоред ден, само миленичињата можат да ја зголемат насмевката на лицето, самодовербата, па дури и да го олеснат стресот.
Смејте се почесто Смеата е еден од најдобрите начини да се победи стресот. Чувајте смешни книги или пораки практично во фиоката на бирото или пуштете си смешно YouTube видео.
Започни планирање на одмор Бранови, топол песок, нежно ветре…убава слика.Престанете да работите и започнете да пребарувате на интернет за некои идни туристички места. Дефинитивно ќе бидете среќни!