Додека покрупните честички се задржуваат на носот, овие честички можат да навлезат длабоко во нас и да продрат во белите дробови.
Маските не помагаат во борбата против ПМ10-честичките, велат експертите. Овие честики се со големина од 10 микрометри, од каде го добиле и името. Додека покрупните честички се задржуваат на носот, овие честички можат да навлезат длабоко во нас и да продрат во белите дробови. Нивниот состав може да биде различен, но големината им е иста. Тие претставуваат смеса на дим, чад, пра и киселина од тешки метали.
Кога концентрацијата на овие честички се движи меѓу 0 и 20 микрограми по метар кубен, велиме дека квалитетот на воздухот е одличен, а добар е додека не премина преку 40 микрограми. До 50 микрограми воздухот е прифатлив, а преку тоа, воздухот го сметаме за загаден.
Ако концентрацијата на честички надмине 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека возду е загаден. Голема е листата на здравствени проблеми до кои може да доведе вдишувањето на ПМ10-честички.
Бројни здравствени проблеми
Може да дојде до апсорција на отровни материи во крвта, на пример цинкот, до алергиски реакции, бактер и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми.
Хируршката маска не помага
Хируршката маска не помага, за разлика од нано-маската. Но, нано-маските ги нема во продажба.
Извори на загадување
Постојат голем број извори од овие честички. Од термоелектраните до автомобилите. Тука, се разбира, се природните извори, како шумските пожари и поленот. И пудрата за лице може да биде опасна.