Следуваат 3 неработни денови, но само еден од нив ќе важи за сите.
Според Законот за празниците следниот неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е четврток 24. мај – “Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.
За граѓаните од православна вероисповед неработен е и 25. мај – Духовден, петок пред Духовден што значи дека за православните граѓани следува продолжен викенд со дури 4 неработни денови.
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ неработен е и 23. мај по повод Националниот ден на Власите.
Листа на сите неработни денови за 2018 година може да најдете на следниот линк.