Jadranka turizam d.o.o од Лошињ, една од водечките хотелиерско-трговски компании во Хрватска е во потрага по сезонски работници од Македонија!
Jadranka turizam d.o.o., една од водечките хотелиерско-трговски компании во Хрватска, која веќе 70 години успешно работи во областа на хотелиерството, кампувањето и други комерцијални активности на островите Црес и Лошињ, објави огласи за кандидати од Македонија кои сакаат да работат во Хрватска.
Компанијата поседува и управува со 6 хотели и 11 ресторани и вили и апартмани сместени на најатрактивните локации на островот Лошињ со капацитет да прими над 3.500 гости.
Самата групација вработува околу 800 вработени со полно работно време, додека вкупниот број на вработени за време на туристичката сезона достигнува до 1.600 лица.
Можност за натпросечна заработка!
Предноста на Jadranka turizam d.o.o. е што платите во компанијата се далеку над просекот во индустријата во Хрватска.
Групацијата посветува посебно внимание на создавање иновативна и стимулативна околина, им овозможува на вработените да стекнат искуство во дејноста од искусни и стручни ментори и да бидат вклучени во програмата за наградување. Јадранка е препознатлива и по тоа што инвестира милионски износи во едукација на вработените, а преку сопствената Гастроакадемија за најдобра услуга на ниво на хотел со пет ѕвезди нуди и можност за специјализација за некои професии како што се бармен, сомелиер и консиерж.
Jadranka turizam d.o.o. во моментов вработува хигиеничари (м/ж), собари и собарки (м/ж), спа терапевти – козметичари (м/ж), помошник готвач (м/ж) и келнери (м/ж). Повеќе информации за отворените работни позиции ќе најдете во самите огласи на овој линк.