Барате работа? Друштвената мрежа за професионалци, LinkedIn лансираше нова функција која значително ќе ја олесни вашата потрага.
Со помош на новата опција “How You Match” ќе откриете колку вашето образование, вештини, искуство и моменталната позиција одговараат на она што работодавачите моментално го бараат.
Кога ќе забележите некоја понуда за вработување на LinkedIn, погледнете на десната страна од огласот и ќе ја видите листата How You Match.
Ова е многу значајно подобрување бидејќи голем дел од кандидатите сакаат уште пред да аплицираат на одреден оглас да знаат дали се вистинскиот избор за таа работна позиција и дали работата е добра опција за нив според нивното образование, вештини и искуството.
Новата опција им е достапна и на професионалците кои се занимаваат со регрутација така што отсега на многу полесен начин ќе дојдат до идеалните кандидати за одредена работна позиција.