Нова стратегија во борбата за таленти
Популарниот ланец на ресторани за брза храна “Тако Бел“ најави дека на менаџерите во неколку ресторани ќе им понуди конкурентна плата од 100.000 американски долари со цел да се овозможи привлекување и задржување на вработени, објави Блумберг.
Од Yum!, компанија сопственик на “Тако Бел“, велат дека исто така ќе започнат да нудат нови работни позиции за вработени со поголем лидерски потенцијал, но кои не сакаат да станат менаџери.
Повисоката плата, наводно, ќе биде тестирана во неколку американски ресторани на Средниот Запад и Североисток.
Според информациите од “Тако Бел“, моменталните плати за генерални менаџери во рестораните кои се во сопственост на компанијата се движат од 50.000 до 80.000 долари на годишно ниво.