Државниот завод за статистика ги објави најновите информации за платите во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.8 %), Стручни, научни и технички дејности (2.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %).
Просечната месечна нето плата во ноември 2019 година изнесува 25.787 денари