Пред 2 години Новак Ѓоковиќ официјално беше претставен како бренд амбасадор на ASICS.
Српскиот тенисер со години носеше Adidas патики, меѓутоа по официјалната соработка ги замени со модел од ASICS.
Најдобриот тенисер на планетата од минатата година го носи новиот ASICS модел "Court FF Novak", наменет специјално за него.
„Техничкиот тим на ASICS беше многу љубезен и работевме повеќе од шест месеци за да го прилагодиме моделот "Court FF Novak" на мојот стил на играње тенис, со многу пролизгувања и брзи промени на правецот на движење. Патиките се клучни, мене ми е битно да се лесни, но во нив да бидам стабилен и да имам добра ротација. Балансот помеѓу тоа е многу важен“ – објаснува Ѓоковиќ.
Меѓу другото, разликата е во тоа што патиките се подобро прилагодени на неговиот стил на игра, со многу удари во брзо движење.
За него патиките претставуваат оригиналност, односно начин да се разликува на теренот и да биде најдобар што може. Меѓутоа, неговиот модел на патики крие и симболи кои не можат да се забележат на прв поглед.
Ѓоковиќ објаснува зошто овие патики за него имаат посебно значење:
„Симболите кои ги има на овие патики ги имав и на минатиот модел кој го носев и за тоа постои причина. Едниот е моето лого креирано во 2011 година, но не би навлегувал во детали, има уште за објаснување на логотипот и неговото значење.“
„Едниот од другите два симболи се наоѓа под левата патика и тоа е Reiki симболот кој значи дека целата енергија од универзумот е сега и овде, што ме потсетува секогаш да бидам свесен за тој момент, за сегашноста и да дадам 100% во она што го работам, во мојот случај во тенисот. Кога сте индивидуален спортист, нема на кого да се потпрете.“ – вели Ѓоковиќ.
Моделот на патики "Court FF Novak" е достапен во продажба и на официјалната страна на ASICS чини 240 долари.
Најновите модели на ASICS конечно ќе бидат достапни и во Македонија! Отворањето на првиот продажен салон на овој светски познат бренд ќе биде наскоро во Скопје.