Денот на вљубените практично е зад аголот, а Airbnb ви дава можност да го прославите на навистина специфичен начин …
Една среќна двојка ќе може да ужива во локацијата каде Шекспировите Ромео и Jулија по прв пат си изјавиле љубов. За да го направи овој 14-ти февруари навистина посебен за сите во вљубени низ целиот свет, Airbnb ги отвора вратите на Casa di Giulietta или куќата на Јулија од 13. век, каде двојката може да претстои во куќата на Јулија. Луксузната спална соба го содржи оној кревет кој се користеше во филмската адаптација на Френк Зефирели од 1968 година, притоа давајќи ви прилично романтичен амбиент.
Ексклузивниот пакет дополнително вклучува личен батлер, вечера со свеќи подготвена од готвачот со две Мишелин sвезди, Џанкарло Пербелини, приватна тура низ овој средновековен имот и вистинска тура во Шекспировски стил.
За да ја искористите оваа можност, мора да напишете писмо до Јулија во кое објаснувате зошто заслужувате да ви биде дадена оваа можност. Вашата апликација можете да ја поднесете до 2 февруари на страницата на Airbnb.