Ако можете да бирате помеѓу тоа да добиете покачување или повеќе време за одмор, што би избрале?
Доколку се одлучивте за повеќе одмор наместо повисока плата, не сте сами.
Според едно неодамнешно истражување на Rakuten.ca, дури 57 проценти од Канаѓаните преферираат повеќе време за одмор отколку еквивалентно зголемување на платата.
Покрај тоа, 26 проценти од нив веќе планираат да земат минимум четири недели одмор во 2020 година.
Канаѓаните не само што му даваат приоритет на времето за одмор во однос на парите, туку нив им е важно и како ќе го поминат времето надвор од работа, вели Клер Свини, заменик претседател за маркетинг и шопинг експерт во Rakuten.ca.
Така, за дури 57 проценти од нив тие четири недели платен годишен одмор не се вистински одмор ако не го искористите тоа време за да отпатувате некаде.
Понатаму, желбата за патување е главна причина зошто повеќето испитаници се изјасниле дека преферираат повеќе денови за одмор, наместо повисока плата. Инаку, дури 78 проценти од Канаѓаните чуваат пари на страна наменети за патување.
Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека буџетот за патување им е поприоритетен од тој за други лични трошоци.