„Епл“ мора да плати казна од 25 милиони евра поради тајно забавување на постарите верзии на iPhone.
Казната ја наметна француската комисија за заштита на конкуренцијата и потрошувачите која откри дека корисниците не биле известени за ваквата практика на компанијата, односно тие не добиле никакво предупредување дека ажурирањето на iOS оперативните системи 10.2.1 и 11.2 може да го забави нивниот уред.
Инаку, „Епл“ кој во 2017 година призна дека навистина ги успорува постарите верзии на iPhone, објави соопштение во кое се вели дека проблемот е решен со новата регулатива.
Покрај казната изречена за „штетни трговски практики кои го доведуваат потрошувачите во заблуда“, „Епл“ ќе мора да објави соопштение за овој проблем на француски јазик во времетраење од месец дена.
Минатата година „Епл“ вети дека ќе биде искрен со корисниците околу тоа во која мера и кога ќе ги забави постарите верзии на своите уреди.
Компанијата тврди дека овој потег всушност треба да го продолжи животниот век на уредите, а не да ги натера корисниците да купат нов телефон.