На Германија и е потребна работна сила и владата го забрзува процесот на доселување на странски работници. Во Бон е отворена нова служба која ќе го координира признавањето на дипломите и квалификациите, пишува Дојче Веле.
Германската економија зависи од имиграцијата. Затоа федералната влада започнала програма за привлекување странски експерти под мотото „Make it in Germany“. Тоа е национален приоритет.
Без странски експерти, нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме само да чекаме на тие луѓе, мора да се потрудиме околу нив – изјави федералниот министер за труд, Хубертус Хајл.
Германското биро за статистика тврди дека бројот на работо-способни граѓани на Германија до 2035 година ќе се намали од четири на шест милиони. Во многу индустрии преовладува недостигот на работна сила, а дури 56 проценти од анкетираните фирми сметаат дека недостиготот на работна сила во моментот е нивниот најголем деловен ризик.
Секоја трета германска компанија во последниве години вработува работници од други земји членки на Европската Унија, односно трети земји. Многу фирми поради недостаток на работници не можат да прифатат нови нарачки и трпат огромни финансиски штети.
Федералната влада (конечно) го сфати плачот на бизнисмените и веќе некое време напорно работи на создавање предуслови за привлекување експерти од странство. По долгата дебата, донесен е Закон за професионална имиграција на трудот, со што сојузната влада призна дека Германија е имигрантска земја – и тоа шест децении по пристигнувањето на првиот голем бран гастарбајтери.
Според германскиот печат, во таа земја во овој момент постојат околу 1.400 странски служби кои се занимаваат со странски дипломи.
Целиот текст прочитајте го овде.