Откако многумина се обидоа да ги оживеат италијанските градови со продажба на куќи по цена од едно евро, властите на Теора имаат поинаков пристап. Властите на градот, лоциран на југот од регионот Кампања, се обидуваат да привлечат жители нудејќи им однапред да им ја платат киријата за нивните куќи.
И додека многу домови низ Италија се продаваат за едно евро, властите на Теора веруваат дека нивниот план ќе работи подобро, пренесува CNN.
Тврдат дека ќе плаќаат месечна кирија од околу две евра за две години. Еден од условите е семејството веќе да има едно дете.
„Не верувам во продажба на празни куќи за евро, тоа не ги мотивира луѓето да останат во градот“, изјави градоначалникот на Теора, Стефано Фарина, за CNN.
Се наведува дека населението во градот драматично се намалило по земјотресот во 1980 година.
„Годишно се раѓаат две бебиња, наспроти 20 смртни случаи. Дојдовме до само 1.500 жители“, објаснува Фарина.
Во Теора моментално може да изнајми стан за 150-200 евра, додека куќа од 100 метри квадратни може да се купи за само 30.000 евра.