Бидете дел од најголемиот регионален собир за HR професионалци кој на 19-ти и 20-ти март ќе се одржи во Ровињ, Хрватска!
Осма година по ред, нашиот партнер MojPosao е домаќин на најголемото HR случување во регионот, конференцијата „HR Days 2020“, која годинава ќе се одржува на 19-ти и 20 ти март во прекрасниот Ровињ.
Следејќи ја моменталната состојба на пазарот на трудот и светските трендови во областа на човечките ресурси, на конференцијата ќе се зборува за создавање на вредност, агилен HR и автентично лидерство, теми за кои повеќе ќе научиме од реномираните локални и странски говорници.
Во Ровињ доаѓа „Таткото на современиот HR“
Главен говорник на годинешната конференција ќе биде „Таткото на современиот HR“, Дејв Улрих од кого ќе дознаеме зошто ова е „идеално време за работа во човечки ресурси“.
Покрај Дејв, своето богато знаење и долгогодишно искуство со присутните на конференцијата ќе го споделат и:
- Јохан Дрисенс, еден од најкреативните архитекти на професионалното искуство
- Дебра Кори, членка во топ 101 глобални инфлуенсери во подрачјето на ангажманот на вработените
- Риина Хелстром, специјалист за AGILE и развој на организации
- Блер Палмер, светски авторитет во областа на промени на лидерство
- Ранко Рајовиќ, автор на „NTC“ системот за учење
Тркалезна маса, работилници и прогласување на најдобри HR практики
Конференцијата ќе понуди и интерактивни и корисни работилници кои ќе ви помогнат да ги унапредите своите знаења и вештини, како и тркалезна маса на која ќе се зборува за најпопуларната тема помеѓу HR професионалците - Employer Branding.
Традиционлано, вториот ден од конференцијата е резервиран за доделување на награди за најдобри HR практики во изминатата година со што ќе се признае и награди трудот на компаниите, организациите, тимовите и поединците одлично сработена работа во управувањето со човечките ресурси.
Исто така, со цел сите учесници да можат на вистински начин, свежи и одморени, да уживаат во богатата содржина што ја нуди конференцијата, организитарот предвидува „Healthy Morning“ активности кои вклучуваат забавно едукативни FIT работилници, часови по јога, утрински масажи и работилници за личен развој.
Секако, на крајот следува легендарната HR Days забава која гарантира одлично поминато време до доцните вечерни (или раните утрински) часови и незаборавни искуства!