
Невработеноста претставува сериозен проблем со којшто се соочуваат многу земји во светот. Многу политики се насочуваат кон поголема вработливост, пред сè, кај младите и ранливите категории, како и кај оние кои имаат најголема потреба од финансиска независност.
World Atlas направи листа на земји со најниска стапка на невработеност во светски рамки. Меѓу 10-те економии што имаат најмалку невработени во светот се:
Катар – 0,14%
Нигер – 0,26%
Лаос – 0,57%
Тајланд – 0,69%
Бахреин – 0,97%
Руанда – 0,99%
Тонга – 1,02%
Камбоџа – 1,02%
Непал – 1,25%
Авганистан – 1,52%