Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 104.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.0 %) и Градежништво (11.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.3 %), Информации и комуникации (8.4 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6.8 %).
За некои професии се заработува и до два и пол пати повеќе од државниот просек
Таков пример е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата во декември изнесувала 68.255 денари што ги сместува вработените во оваа дејност на врвот на листата на најплатени професии.
Потоа следат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.111 денари, финансиско-услужни дејности (44.377 денари), воздухопловен транспорт (42.029 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (41.148 денари).
Во споредба со ноември 2019, просечната месечна нето плата во декември 2019 година бележи пораст за 1.049 денари.