Компанијата Workforce Logiq со помош на алгоритам ни открива во кои компании вработените најмалку размислуваат за отказ
Високата побарувачка на пазарот на трудот им овозможува на лицата кои бараат работа лесно да можат да ги менуваат компаниите со цел да обезбедат подобра плата, бенефиции, флексибилност или можност за кариера.
Тоа го потврдува и еден податок на Бирото за статистика во САД кој покажува дека просечниот вработен поминува нешто повеќе од четири години кај еден ист работодавач.
Но, сепак, постојат одредени компании кои прават се што е во нивна моќ за да ги задржат најдобрите вработени без оглед на флуктуацијата на пазарот на трудот.
За да открие на кои работодавци тоа најдобро им оди од рака, компанијата Workforce Logiq, која се занимава со обезбедување на технологија и услуги базирани на вештачка интелигенција, создаде алгоритам за идентификување на компании во кои вработените имаат најмала веројатност за заминување.
Компанијта создаде т.н.TRR индикатор (Talent Retention Risk score) кој користи различни варијабли, како што се макроекономските трендови, социјалните медиуми и вести на ниво на компанија, индикатори за разгорување на вработените (како што се најавувања за масовни вработувања или отпуштања) и други фактори кои предизвикуваат нестабилност кај работната сила.
Исто така, секоја компанија добива оценка за пет фактори кои се поврзани со задржувањето на вработените: истрајност на компанијата, кариерен раст, позитивно опкружување, стабилност на бизнисот и силно лидерство.
Користејќи ги TRR индикаторот, алгоритмот може да ги предвиди вработените кои имаат поголема веројатност да се заинтересираат за нова понуда за вработување.
Па, еве ги компаниите каде вработените најмалку размислуваат за отказ според алгоритмот на Workforce Logiq:
ДуПонт
Седиште: Вилмингтон, Делавер
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 20%
Број на вработени: 98.000
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата
Ханивел
Седиште: Шарлот, Њујорк
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 23%
Број на вработени: 114.000
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата и силно лидерство
Локхед Мартин
Седиште: Батесда, Мериленд
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 25%
Број на вработени: 105.000
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата, кариерен раст, позитивно опкружување, стабилност на бизнисот и силно лидерство
Делта
Седиште: Атланта
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 15%
Број на вработени: 88.700
Најсилен фактор за задржување: Силно лидерство
Мерк
Седиште: Кенилворт, Њујорк
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 28%
Број на вработени: 69.000
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата и силно лидерство
Амазон
Седиште: Сиетл
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 42%
Број на вработени: 647.500
Најсилен фактор за задржување: Силно лидерство
Микрософт
Седиште: Редмонд, Вашингтон
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 43%
Број на вработени: 131.000
Најсилен фактор за задржување: Силно лидерство
Интел
Седиште: Санта Клара, Калифорнија
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 25%
Број на вработени: 107.400
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата, позитивно опкружување и силно лидерство
Бест Бај
Седиште: Ричфилд, Минесота
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 21%
Број на вработени: 125.000
Најсилен фактор за задржување: Силно лидерство
Американ Експрес
Седиште: Њујорк
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 30%
Број на вработени: 59.000
Најсилен фактор за задржување: Позитивно опкружување и силно лидерство
Циско
Седиште: Сан Хозе, Калифорнија
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 34%
Број на вработени: 74.200
Најсилен фактор за задржување: Силно лидерство
Кока-Кола
Седиште: Атланта
Процент на вработени кои размислуваат за отказ: 20%
Број на вработени: 62.600
Најсилен фактор за задржување: Истрајност на компанијата и силно лидерство