Потребни се години за да се развие добар бренд, а неговата репутација може да биде уништена за еден ден. Највредните светски брендови се глобалните корпоративни гиганти.
Тие остваруваат милијарди долари годишни профити, имаат огромно влијание врз јавното мислење и се препознатливи во цел свет.
Користени се податоци на организацијата Brand Finance, а аналитичарите земале во предвид различни параметри за да се пресмета вредноста на брендот, вклучително и инвестиции во маркетинг, акционерски капитал, итн.
Ова се 10-те највредни брендови во светот:
1. Amazon: 221 милијарди долари (малопродажба)
2. Google: 160 милијарди долари (технологија)
3. Apple: 141 милијарди долари (технологија)
4. Microsoft: 117 милијарди долари (технологија)
5. Samsung Group: 94 милијарди долари (технологија)
6. ICBC: 81 милијарди долари (банкарство)
7. Facebook: 80 милијарди долари (медиуми)
8. Walmart: 78 милијарди долари (малопродажба)
9. Ping An: 69 милијарди долари (осигурување)
10. Huawei: 65 милијарди долари (технологија)
Според ова рангирање, најсилниот европски бренд е Mercedes, која се наоѓа на 11-то место.
Други европски компании на врвот на листата се Volkswagen, BMW, Shell, Porsche, Deutsche Telekom, Ikea, Total, Allianz, Nescafe, Gucci, Siemens, Bosch…
Вредноста на марката треба да се разликува од пазарната вредност на компанијата.
На пример, компанијата со најголема пазарна вредност во светот е нафтениот гигант Saudi Aramco.