Батериите за лаптопот се доста скапи за постојано да се заменуваат, па затоа овие пет начини да ѝ го продолжите векот на траење можат да ви бидат од голема корист.
1. Не дозволувајте лаптопот да постигне висока температура
Ако можете да ја почувствувате високата температура на лаптопот врз вашата кожа, тоа не е добро ниту за вас, ниту за него и неговата батерија. Уште полош симптом е ако тој сам се исклучува поради оваа причина.
2. Не ја отстранувајте батеријата додека лаптопот е вклучен
За доброто на батеријата, потребно е лаптопот да биде целосно исклучен пред да направите што било со неа. Не ја вадете или ставајте додека тој е вклучен.
3. Правилото 80/20
Некои информатичари велат дека векот на батеријата се продолжува доколку секогаш е полна помеѓу 20 и 80%. Значи не треба да дозволите да дојде под 20%, а кога ќе ја полните тоа не треба да надмине 80% исполнетост.
4. Никогаш на 100%
Не се препорачува батеријата да се наполни 100%. Не оставајте ја да се полни ниту откако ќе дојде до својот максимум, тоа е уште полошо за неа.
5. Не оставајте ни да се испразни целосно
Постои некој мал ризик од оштетување на лаптопот и на батеријата доколку оставите тој сам да се исклучи.