Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи, и да си ги подигнат.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој момент над 35 илјади лични карти што во изминатиот период беа изработени, не се подигнати од страна на граѓаните.
Имено, граѓаните кои се фотографирале за лична карта пред Нова година многу долго чекаа за да ги подигнат своите документи.
Се додава и дека веројатно сличен проблем има и со возачките дозволи, бидејќи и тие се од пластика.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека процесот на издавање на сите лични документи се одвива забавено, но дека тендерот е склучен.