Најголемите технолошки компании со мерки за претпазливост поради коронавирусот
LinkedIn ги извести сите кандидати кои сакаат да работат во компанијата дека имаат можност интервјуата да ги направат виртуелно или да ги одложат додека не помине епидемијата на коронавирусот.
Во извештајот на компанијата стои дека грижата за здравјето е приоритет и дека, како резултат на тоа, сите интервјуа за работа ќе се одвививаат виртуелно или ќе се одложат додека не помине опасноста од коронавирусот.
Исто така, од компанијата истакнаа дека ниту една опција нема да ги загрози можностите за вработување на кандидатите.
Инаку, LinkedIn не е единствената компанија која испрати вакво известување.
На 4 март Google испрати сличен мејл до кандидатите во кој се наведува дека интервјуата ќе се прават преку интернет, а истото го направија и Facebook и Amazon.