Министерот за здравство Венко Филипче, на својот фејсбук профил сподели серија препораки за тоа како се постапува правилно кога граѓаните се вомашна изолација.
„Како до правилна домашна самоизолација? Информирајте се и споделете ги препораките“, напиша Филипче, објавувајќи ги фотографиите со препораки.
Доколку имате можност, работете од дома.
Одделете се од останатите во различни простории.
Бидете на безбедно растојание од другите помеѓу еден и два метри.
Редовно проветрувајте ги просториите.
Останете дома, освен во случај на итност.
Еве што друго советува министерот.
Понатаму, се сугерира самопроверка со мерење на температура неколку пати во текот на денот, зачестено миење на рацете со употреба на сапун, дезинфекција на раце со дезинфекционо средство на база на алкохол, како и одржување на личната хигиена.
Претходно министерот објави дека „битката со вирусот ќе ја добиеме многу полесно ако ја добиеме и битката со лажните вести, неточните информации и непроверените препораки. Сите овие придонесуваат до креирање на паника која е многу опасна во услови на криза. Како да постапувате, кои се симптомите, како и дали се лекува - информирајте се само од релевантни извори“, порача министерот Филипче.