„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“
Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ова ќе помине, после како ќе преживеете!! - Статус на вработена во банка
News
-
Од 1 јануари фирмите ќе плаќаат до 100 проценти повеќе за една давачка
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.
-
30 години подоцна: Мараја Кери и нејзиниот најпознат божиќен хит заработуваат милиони
И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Имено, „Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната.
-
Просечни плати во Европа: Кои земји плаќаат најмногу?
Дали некогаш сте се запрашале кои земји плаќаат најдобро во Европа? Или како вашата плата се споредува со платите во ЕУ?
-
Колку калории просечно внесуваме за време на Божиќните празници?
Секојa година си ветуваме себе си дека ќе внимаваме што јадеме за време на празниците, но често завршуваме уживајќи во секој залак без премногу да размислуваме за калориите. И тоа е сосема во ред – Божиќ е време за дружење, радост и добра храна. Дури и нутриционистите потврдуваат дека не е крај на светот ако за празниците малку се опуштиме.
-
Кои се најплатените и најмалку стресни професии за 2025 година?
Resume Genius ја објави листата на професии со високи примања и низок степен на стрес. Овие работи вклучуваат предвидливи работни часови, поддржувачка средина, и управлив обем на работа, а во некои случаи овозможуваат и работа од дома.
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
Научници од Јужна Кореја спровеле истражување со податоци од околу 5,4 милиони лица – поранешни, сегашни пушачи и непушачи – и откриле дека може да бидат потребни и до 25 години за ризикот од срцеви заболувања да се врати на ниво како кај непушачите, по откажување од пушењето.