Македонија и земјите ширум светот секојдневно се соочуваат со последиците од пандемијата на коронавирусот. Нашата земја веќе 3-ден е во вонредна состојба, а надвор работат само маркетите и аптеките – остатаните сме во карантин.
Здравствените последици од коронавирусот веќе ги гледаме, а за економските и општествените импликации допрва ќе слушаме. Голем дел од компаниите беа приморани да стават клуч на своите објекти и да ги пуштат вработените на вонреден одмор. Друг дел од нив, беа ставени на тест – да им овозможат на своите вработени работните обврски да ги извршуваат од дома. За некои, оваа криза може да биде кобна.
Будно следејќи ја новонастаната ситуација, Vrabotuvanje.com објави анкета на која можете да го кажете вашето мислење во врска со коронавирусот:
За време на вонредната состојба со Корона вирусот, што најмногу ве плаши?