Заврши рокот во кој македонските граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми можеа да се пријават пријават во најблиското конузларно претствништво.
Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад.
Според информациите на Министерството за надворешни работи такви се околку 2.300 граѓани, најмногу затечени во европските земји. Сите што на ваков начин ќе пристигнат во државава ќе бидат ставени во задолжителен државен карантин од 15 дена.
Граѓаните можеа да се пријават на е-меил адресите и телефоните на дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското конузларно претствништво во соседната земја или во земјата од регионот.
Извор: Mkd.mk