Индитекс, фирмата сопственик на Зара, би можела наскоро да изработува болнички униформи за да и помогне на својата земја Шпанија во борбата против коронавирусот
Индитекс минатата недела соопшти дека коронавирусот привремено затворил речиси половина од продавниците на компанијата низ целиот свет.
Во меѓувреме, компанијата објави дека размислува дел од своите производни капацитети во Шпанија да ги пренамени за производство на болнички униформи.
Исто така, во соопштението се вели дека компанијата е подготвена да ја отстапи својата логистичка и дистрибутивна мрежа, особено во Кина, со цел да и овозможи на земјата да ги задоволи итните потреби од медицински и текстилни материјали, како што се заштитни маски, ракавици, очила и капи.
Индитекс досега донираше 10.000 маски, а уште 300.000 ќе бидат испорачани до крајот на неделава.
Инаку, Шпанија е втора најпогодена земја во Европа од коронавирусот, веднаш после Италија. Според последните информации, во земјата се заразени 35.136 луѓе, а бројот на жртви се искачи на 2.311.