Биотек Лабораторија целосно свесна за улогата на компанијата во општеството, уште на почетокот на епидемијата презеде низа мерки во насока на заштита на вработените, пациентите и општото здравје притоа гарантирајќи непречено одвивање на работните процеси за извршување на потребните анализи.
Со цел поголема заштита од коронавирусот, Биотек Лабораторија презеде дополнителни чекори во поглед на хигиената каде сите простории на лабораторијата каде се движат пациенти се дезинфицираат редовно по неколку пати на ден.
Вработените се одлично информирани и обучени за спроведување на мерките за превенција од коронавирусот како што се лична хигиена, меѓусебно однесување и внимателност како и процедура за справување со пациенти кои покажуваат знаци на заболување со коронавирусот.
За сето тоа време, Биотек Лабораторија успева да испорача непречена функционалност и испорака на предвидените услуги кон сите свои клиенти.
Биотек Лабораторија ќе врши тестирање за вирусот Covid-19
Биотек Лабораторија, будно следејќи ја кризата со коронавирусот кај нас и во светот, одлучи да вложи дополнителни ресурси во поглед на технологија и човечко знаење во сегментот за детектирање и борба против коронавирусот.
Почнувајќи од 24.03.2020, Биотек Лабораторија врши тестирање за вирусот Covid-19, направено со земање на брис од нос, а тестот е обработен со Real Time-PCR метода за чија изработка лабораторијата поседува и сертификат.
Тимот на обучени лаборанти го земаат примерокот од пациентот додека тој е во автомобилот со кој допатувал со цел да се намали контактот и да се минимализира ризикот од пренесување.
Резултатите се добиваат во истиот ден, а истите освен податоци за присуство или отсуство на Covid-19, содржат и дополнителни податоци за детекција на други видови корона вируси причинители на респираторни заболувања.
За повеќе информации јавете се на 02-5300898; 02-5300766; 078-394-829.
БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО!
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски!