Ова како да го убеди рускиот претседател да размислува за посериозни мерки кои ќе го спречат масовното ширење на новиот коронавирус.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот облече заштитен скафандер и ги посети заразените од коронавирусот сместени во една од болниците во Москва.
Притоа, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека најверојатно бројката на заразени е многу поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.
Ова како да го убеди рускиот претседател да размислува за посериозни мерки кои ќе го спречат масовното ширење на новиот коронавирус.
Во текот на вчерашниот ден, тој објави дека целата следна недела ќе биде неработна во целата територија на Русија, а со работа ќе продолжат само аптеките, продавниците, болниците, вработените во меѓународниот превоз и останатите услужни центри.
Само на овој начин ќе се намалат ризиците од ширењето на коронавирусот. Најважно е во моментов сите да останете дома, изјави Путин.
Понатака, тој предложи и да се откаже гласањето за уставни промени нагласувајќи дека за нов датум дополнително ќе се разговара откако ќе заврши кризата предизвикана од коронавирусот.
Бројот на заразени со коронавирус во Русија во моментов изнесува 658.