Постарите луѓе се особено загрозени кога станува збор за заразата од коронавирус и се препорачува тие да не излегуваат додека трае пандемијата.
Но, многу помлади членови на семејството имаат тешки маки да ги наговорат своите родители или баби и дедовци да го испочитуваат тоа.
Со таков проблем се соочила и една Италијанка која на својот татко никако не можела да му докаже дека не може да излезе надвор на кафе.
“Тато, каде ќе одиш, па ништо не работи”, му објаснувала таа.
“Одам по кафе, ништо не ме интересира. Одам, ми треба кафе”, повторувал Италијанецот.
Но, видеото има еден симпатичен пресврт кој ја навел ќерката добро да се изнасмее – таткото излегол пред куќата, а потоа ѝ тропнал на својата сопруга на прозорецот и ја замолил да му направи кафе.
Видеото за помалку од една недела го прегледале над 3 милиони луѓе.