Информациите кои стигнаа дека има заболени од лицата кои биле во близина на неодговорната докторка -директорка на Кожната клиника донесоа нови приказни низ чаршијата и нови обвинувања и лепења етикети.Дискредитирање на семејства цели фамилии и цели системи.Еден од нив деновиве е и сопственикот на ресторантскиот објект „Рагуза“ чие име и презиме и објект се спомнува чиниш епицентар на заразата е иако тој разумно и општествено одговорно истиот ден ( 9 март 2020) кога беше објавен случајот со докторката и одржаниот симпозиум на кој таа била учесничка извести за преземените активности за заштита на здравјето на своите вработени, безбедноста и дезинфекцијата на својот објект.Во истовреме извести дека немало други активности после симпозиумот и дека е стапено во контакт со сите вработени кои биле таму тој ден и истите се ставени во самоизолација.Иако истиот имаше комплетно право да остане со заштитен идентитет бидејќи со ниту еден потег не допринел во и не бил соучесник во неодговорното и дрско однесување на докторката, напротив и тој како и учесниците биле жртви на недговорното однесување на лице кое положило Хипократова заклетвa.Тоа лице ги прекршило основните начела на оваа заклетва :
Дека Својата професија ќе ја извршува
совесно и достоинствено
Дека Со сета своја сила ќе ги одржува честа и
благородните традиции на лекарската професија.
Но и дека своите колеги ќе ги смета за свои браќа.
Сите останати се само жртви на несовесноста нечесноста и не човечноста на еден безобразен прекршител на Лекарската заклетва. Затоа ниту еден не смее да биде покажуван со прст понижуван и омаловажуван
Болеста не бира кого ке нападне и затоа тоа не е име и презиме.Но одговорноста и тоа како има име и презиме.Тоа е личното име и презиме на секој од нас.Затоа Одговорноста на докторка е со Име и Презиме.
А од друга старана е комплетното право на заштита на секој учесник на симпозиумот, на секој член на послугата на ресторанот на техничката поддршка на сите кои во случајов се злоупотребени и ставени во иста реченица со името и презимето на неодговорната докторка.Затоа и нивното гласно зборување е за почит и поддршка.Ставени се на линч, осудени без вина, покажани со прст.
Во продолжение обраќањето на еден од сопствениците на Рагуза 360 Гоце Голомеиќ и пораката до сите Нас
Ве молиме Кон Неодговорните со Име и Презиме- Кон Болните со помош и поддршка, Кон затекнатите и злоупотребените со трпение, разбирање и почит. Заедно сме во истата кал.Со ист непријател.Да останеме човечни едни кон друг
Драги мои пријатели,
Овој статус го пишувам, затоа што би сакал да ве информирам за случувањата после одржување на симпозиумот на дерматолози на 07-ми март во нашиот ресторан Рагуза360.
Имено би сакал повторно да нагласам дека:
– Нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од Ковид 19, која предаваше на настанот.
– По одржување на симпозиумот не се организираа други настани или прослави а Институтот за јавно здравје направи темелна и комплетна дезинфекција на објектот.
-Дел од нашите вработени кои што беа на работа тој ден се во домашен карантин и немаат никакви симптоми до денеска (поминати се 18 дена) а од Институтот за јавно здравје не информираа дека штом немаат симптоми нема потреба ниту да се тестираат.
Би сакал да апелирам до сите да не се шират дезинформации посебно невистини кои се однесуваат на моето семејство.
Да ги почитуваме мерките и препораките од Министерството за здраство а на сите заболени од вирусот им посакувам побрзо закрепнување.
#ВО ВОНРЕДНА ОДГОВОРНИ