Словенија ќе ја преземе обврската за исплата на плати во наредните два месеци, но вреди да се спомене дека Словенците беа меѓу првите што одлучија да ги зголемат платите на здравствените работници, цивилните службеници и другите вработени во јавниот сектор кои ја водат главната битка со коронавирусот, и тоа за 200 проценти.
Самовработените лица во земјата, а тоа се луѓе кои работат сами или имаат уште еден работник, ќе добијат 70% од износот на минималната плата во Словенија.
Словенија предлага да се намалат платите на функционерите и судиите за 30 проценти.
Земјата засега добро се справува со епидемијата на коронавирусот. Официјалните податоци покажуваат дека Словенија има 562 регистрирани случаеви на заболени со Ковид-19, а бројот на жртви изнесува само 6.