Ширењето на коронавирусот на територијата на Кина е сопрено, соопштил официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања Ми Фенг.
"Бројот на потврдени случаи на инфекцијата е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата на територија на Кина е целосно сопрено", изјавил на брифингот Ми Фенг.
Според последните податоци, во Кина од почетокот на пандемијата биле регистрирани 81.439 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 75.448 лица закрепнале, додека 3.300 починале.
Претходно медиумите објавиле дека во кинеската провинција Хубеј, освен во Вухан, која е позната како жариште на ширењето на инфекцијата со COVID-19, по два месеци е обновен внатрешниот патнички авио-сообраќај.
извор: tocka.com.mk