Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претставу економските мерки за помош на економијата во надминувањето на корона кризата.
Секој полнолетен граѓанин на Србија ќе добие по 100 евра помош од државата – без оглед дали е вработен, невработен или пензионер. За ова ќе бидат издвоени 520 милиони евра од буџетот на земјата.
Со ова, Србија сака да им помогне да своите граѓани полесно да ја надминат кризата.
За фирмите кои нема да отпуштат над 10 проценти од вработените, може да сметаат на економска помош.
Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец, најави синоќа Вучиќ.
Понатаму, на секој фризер, чевлар, пекар..., на сите вработени во нивните компании, државата ќе им исплати минимална плата. Фризерот не може во овој момент да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.