Медицинската сестра не можеше да ги воздржи солзите откако целата улица ѝ приреди изненадување
Тејла Портер се подготвувала да замине на работа во болницата „Басингсток и Северен Хемпшир“ кога на излегувањето ја пречекал еден неверојатен гест од целото соседство. 22-годишната медицинска сестра не може да се воздржи од искажување на емоциите откако целата улица ѝ подари еден голем аплауз за нејзината посветеност на работата.
Девојката ја испраќало нејзиното семејство, 55-годишната мајка Ели, 55-годишниот татко фил и 21-годишната сестра Таш. Тејла од соседите исто така добила и подароци за да ги однесе со себе на работа.