И додека хотелите на Хонг Конг никогаш не биле толку празни, со исполнетост на капацитетите од 22,8% во првите три недели од март, многумина се свртуваат кон новиот тренд на растечката потреба за сместување на лица во карантин, пишува Бизнис Инфо.
Имено, хотелите нудат луксузните понуди за оние лица кои доаѓаат во Хонг Конг, а заради одредбите на локалните власти, тие мора да поминат 14 дена во изолација, независно од симптомите.
Потребата за карантински простор се зголемува и до десетици илјади, особено поради оние што доаѓаат во Хонг Конг од странство. Додека некои ќе бидат сместени во најосновни болнички единици за карантини, многумина бараат подобра услуга во оваа моментално неповолна ситуација, особено оние без видливи симптоми.
Така, хотелите во Хонг Конг го активираа овој тренд во хотелските понуди и на половина од вообичаените цени за хотелско сместување, нудат и all inclusive карантинско сместување.
Dorsett Hospitality International нуди таква понуда во своите девет хотелски единици во Хонг Конг, со цена таргетирајќи ги деловните патници и студенти кои се враѓаат во Хонг Конг. Цената на нивното сместување со 4,5 ѕвезди на тој начин започнува од 889 долари за пакет од 14 дена, што е приближно половина од нивната вообичаена цена за сместување.
Хотелите проценуваат дека оваа тактика може да биде успешна, бидејќи многумина што навистина би можеле да организираат сместување во карантин во нивните домови, не сакаат да го ризикуваат потенцијалното пренесување на инфекцијата на нивните семејства. По оваа понуда, хотелот Best Western во Хонг Конг успеа да ја зголеми својата стапка наисполнетост на капацитетот на 30% до крајот на овој месец.