На синоќешната 32- седница Владата донесе повеќе уредби, одлуки и заклучоци за справување со Ковид-19.
Забрана за нови вработени во јавниот сектор, нови ангажирања преку агенции за привремени вработувања и нови договори на дело, освен за ангажирање на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот, е првата усовена точка на синиќешната седница.
Веќе започнатите постапки за вработување нема да се стопираат, но само доколку за нив има согласност од Министерството за финансии.
На вработените во јавниот сектор нема да им се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, а нема да се реализираат и другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.
Владата ги задолжи јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.