Градот Захара де ла Сиера во јужна Шпанија кој во историјата се покажал како да е создаден за одвраќање на непријателските напади, денес, благодарение на својата супериорна позиција високо над руралниот дел на Андалузија одеднаш стекна непроценлива вредност, пренесува Си-Ен-Ен.
Во средновековието за него се бореле Маврите и Христијаните, а истиот тој град во 1812 година беше ограбен од страна на Французите. Денес, жителите на градот се повторно обединети против еден заеднички непријател, овој пат невидлив, а тоа е коронавирусот. И засега тоа одлични им оди!
На 14 март Захара се затвори. Градоначалникот Сантијаго Галван реши да блокира четири од петте порти на градот. Сето ова се случи истиот ден кога Шпанија прогласи вонредна состојба. Оттогаш, повеќе од 10.000 луѓе починаа во Шпанија, а повеќе од 100.000 беа заразени со вирусот.
Во Захара не е забележан ниту еден случај на Ковид-19
Поминаа две недели и мислам дека ова е добар знак, изјави Галван за Си-Ен-Ен.
Драстичните чекори на градоначалникот наидоа на целосна поддршка од граѓаните, особено од постарите граѓани. Речиси една четвртина од населението на Захара е над 65 години, а во градот има и дом за стари лица во кој се сместени околу 30 жители.
Во околните градови имало случаи на инфекции и жртви, но не и во Захара
Белите куќи и тесните улички во Захара се наоѓаат на стрмниот рид под средновековната тврдина. Овој град е на час возење од Севиља и е популарна дестинација за посетители од целиот свет. Галван вели дека во првите неколку дена морал да ги одврати француските и германските туристи кои не биле свесни за мерките кои ги презема локалната самоуправа.
Контролен пункт на влезот во градот
На влезот на градот има контролен пунк со кој управува еден полицаец. Двајца мажи облечени во заштитна облека, која вообичаено се користи за прскање на маслинови градицни, ги дезинфицираат со специјален хемиски раствор сите возила кои влегуваат во градот.
Ниту едно возило не може да помине низ контролниот пункт без дезинфекција, вели Галван.
Санитарни мекри се воведени и во Захара
Секој понеделник и четврток во 17:30 часот, група од околу десетина луѓе излегуваат и го дезинфицираат градот, а тоа го опфаќа целиот јавен простор.
Еден од нив е локалниот земјоделец Антонио Атиенце, чиј трактор се користи за дезинфицирање на улиците во градот.
Од друга страна, едно локално претпријатие плаќа две жени да доставуваат намирници и лекови до граѓаните со цел да се намали бројот на луѓе кои излегуваат на улиците, а приоритет имаат оние кои се најранливи на новиот вирус.
Тие работат 11 часа дневно, а нивната книга со нарачки е полна. За 48-годишната Аукси Раскон која е една од двете доставувачки, да се биде одговорен за другите граѓани е прекрасно чувство.
Луѓето се среќни затоа што не мора да излегуваат надвор, се чувствуваат заштитено и имаат доверба во нас, вели таа додавајќи дека градот ги презел вистинските мерки од кои веќе започнале да се гледаат резултати.
Покрај организирањето на достава, локалното Здружение на жени се грижи за старите лица кои не можат сами да готват секојдневно оставајќи им готвена храна пред нивните врати.
Жителите се социјализираат и дружат
Група на Фејсбук, создадена за постарите жители на градот, започна да објавува стари фотографии. Луиза Руиз Луна, која ја започна иницијативата, вели дека групата се развива и дека е удобен начин за луѓето од Захара кои живеат во странство да останат во контакт со своите поранешни сограѓани.
Градот опреми и два автомобили со музика и светла за децата да можат да излезат на балконите и да се забавуваат.
Економската основа на стотици мали шпански градови како Захара лежи во семејните бизниси и самовработените луѓе. Затоа градскиот совет го искористи својот кризен фонд за да ги покрие трошоците за електрична енергија, вода и даноци на локалните компании додека трае кризата.
За градоначалникот тоа е повеќе од финансиска помош. Станува збор за зачувување на Захара како заедница. Сепак, тој смета дека доколку карантинот продолжи, ќе имаат потреба од помош од националната влада.
Како милиони други Шпанци, Галван секојдневно го разгледува дневниот билен кој го објавува Министерството за здравство за Ковид-19 со надеж дека еден ден сето ова ќе помине, исто како и вековните опсади со кои се соочил неговиот град.