Нашите колеги од Vrabotuvanje HR Solutions прашуваат: Дали сте подготвени да излезете од комфорт зоната и да експериментирате со креативниот процес?
Голем број компании ширум светот во моментов си го поставуваат прашањето: Како вработените да останат ангажирани и продуктивни, а воедно и мотивирани во овој период на криза? А ние имаме едно прашање до вас: Дали сте подготвени да излезете од комфорт зоната и да експериментирате со креативниот процес?
Ви споделуваме една од нашите успешни практики за градење на тимскиот дух која ние си ја именувавме „Funky Friday“ - активност која ни прави да сакаме да останеме после работното време во петок на работа.
Секој петок, како награда за успешно завршената работна недела, се трудиме како тим да се собереме при крајот на работното време и да изиграме неколку партии од нашата колекција на board games кои заеднички како тим си ги купуваме.
Признаваме, не успеваме баш секоја недела да се собереме, понекогаш едноставно има премногу работа, но секогаш кога сме во можност ја практикуваме.
И покрај предизвикот поставен пред нас, онлајн платформите ни овозможуваат одржување на тимскиот дух и забавни, интерактивни активности со тимот.
Ви ја препорачуваме следната - ЛИНК.
Дали имате вие некоја ваква практика?
Споделете ја со нас, а ние ќе направиме заедничка објава со предлог креативни начини за одржување на ангажираноста на вработените.
Тимот на Vrabotuvanje HR Solutions