Министерството за економија ги повикува сите заинтересирани компании да аплицираат на јавниот повик за кофинансирање на едукацијата на вработените.
Средствата се наменети за компании чии вработени лица ќе посетат обуки значајни за нивната професионална надградба, а е важна за разојот на претпријатието. Финансиските средства не се наменети за кофинансирање на трошоци за следните обуки:
- За странски јазици
- Основни познавања за работа со компјутери
- Од областа на здравството
- Од областа на земјоделието.
Максималниот износ за кофинансирање изнесува до 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 12.000 денари по вработени. Ќе се кофинансираат трошоци за максимум 2 вработени по апликант.
Заинтересирани сте? Линк до јавниот оглас.