Креативна студентка од Кентаки дизајнира и шие маски за лица кои се глувонеми или имаат проблеми со слухот.
Покрај сите негативни работи кои Ковид-19 му ги донесе на светот, има и некои позитивни какви што се хуманоста и креативноста на луѓето ширум светот кои сакаат да дадат мал, но значаен допринос во битката против болеста.
Таков е примерот со Ешли Лоуренс која решила да шие маски за лицата кои се глувонеми или имаат проблеми со слухот.
Студентката од Кентаки која партиципира во високото образование за глуви и лица со оштетен слух на Универзитетот во Кентаки, започнала да забележува колку луѓе изработуваат маски во оваа кризна состојба во која се наоѓа светот, но не забележала никој да изработува посебни маски за лицата со оштетен слух или за лицата кои се глувонеми.
Тоа било доволна причина за Ешли да ја земе работата во свои раце и најпрво да почне да дизајнира, а потоа и да почне да ги шие маските.
Специфичноста на маските е тоа што се изработени со проѕирни елементи во подрачјето на устата за да се овозможи читање од усни на луѓето кои ги носат.
Овие провидни елементи им овозможуваат на оние кои комуницираат со луѓето да им читаат од усни на оние кои ги носат маските.
Ова исто така им овозможува на луѓето попрецизно да ги гледаат изразите на лицето на лицето што стои зад маската, што ќе биде важен фактор за оние што комуницираат користејќи знаковен јазик.
Таа вели дека знаковниот јазик и читањето од усни е основен начин за комуникација помеѓу глувите и наглувите лица.
Браво за Ешли затоа што се сети и на овие луѓе во време на Ковид-19.