Парот стана познат поради своите „гранични“ состаноци кои ги оддржува секој ден за време на епидемијата со корона вирусот.
Инга Расмусен (85) од Данска и Карстен Хансен (89) од Германија се состануваат во близина на градот Авентофт за да разговараат и да се напијат по некоја пијачка, секако, на препорачаната безбедна оддалеченост.
Границата помеѓу Данска и Германија е затворена, но тоа не го спречил овој пар да продолжи да биде секојдневно во контакт.
„Тажно е, но ние не можеме да го промениме тоа“, вели Инга.
Парот се запознал пред две години, а во последната година речиси секој ден го поминувале заедно. Заедно патувале и планираат да продолжат откако ќе се смири целата ситуација, пренесува BBC.