Намален е и бројот на лица кои се на интензивна нега, велат од седиштето на цивилната заштита
Во Италија вчера починале 525 луѓе од инфекција со коронавирус. Бројот на потврдени смртни случаи во земјата се искачи на 15.887.
Добрата вест е, сепак, дека ова е најмал број на дневни смртни случаи за повеќе од две недели наназад, додека бројот на пациенти кои се лекуваат на интензивна нега е во опаѓање два последователни дена, објави вчера штабот за цивилна заштита.
Намален е и бројот на пациенти на интензивна нега
Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми на 128.948 од 124.632, што беше објавено во саботата, што е повторно помал пораст од претходниот ден. Бројот на излечени лица вчера се искачи на 21.815, за разлика од саботата кога беше 20.996 излечени лица.
На интензивна нега се наоѓаат 3.977 лица, што е за 17 помалку од петокот, кога официјалните власти го објавија првиот пад од избувнувањето на епидемијата во северна Италија, кое се случи на 21-ви февруари.