Светската здравствена организација нема препорака за земјите и регионите за олеснување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но побара од нив да не ги укинат прерано, изјави портпаролот на таа организација.
Тој рече дека тоа е едно од најважните упатства.
Едно од најважните упатства е да не се откаже од мерките прерано, за да не се случи зголемување на заразените. Тоа е слично како и самите да се разболите и ако станете прерано од кревет и прерано одите на трчање, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации, рече портпаролот.