Трговските ланци во Бугарија ќе бидат обврзани да продаваат бугарски намирници, кои ќе заземат најмалку половина од просторот во нивните објекти, објави порталот Novinite.
Обврската ќе опфати основни животни намирници, млечни и месни производи, свежо овошје, зеленчук и конзервирана храна произведена на територијата на Бугарија.
Целта на новите мерки е да се помогне на бугарските производители, кои се погодени од здравствената криза и пандемијата од коронавирусот.
Денар