Шведскиот моден бренд H&M во петокот објави дека продажбата во март е речиси преполовена поради пандемијата на коронавирусот и компанијата предвидува дека вториот фискален квартал ќе биде затворен со загуба
Поради пандемијата, H&M привремено ги затвори повеќето свои продавници, најави отпуштање на голем број вработени и ја укина исплатата на годишна дивиденда за прв пат по 1974 година.
Поради драматичниот пад на пазарот, мораме да донесеме многу тешки одлуки и да преземеме одлучни чекори. Со секој поминат ден откако нашите продавници се затворени, ситуацијата станува се посериозна, изјави новоназначената директорка Хелена Халмерсон.
Според неа, на крајот на изминатиот месец биле привремено затворени 3.778 продавници на дури 54 пазари, вклучително и големите пазари како Германија, САД, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Групацијата има вкупно 5.065 продавници.
Иако продажбата е речиси преполовена, онлајн прордавниците се уште работат.
Во првиот фискален квартал кој заврши во февруари, компанијата забележа нето добивка од 1.92 милијарди шведски круни (389 милиони американски долари), што е речиси двојно повеќе во однос на истиот месец минатата година.